Дали газираната вода е опасна по здравјето?

Дали газираната вода е опасна по здравјето?
Сите знаеме дека секојдневното консумирање газирани пијалаци не е паметна идеја. Но, што кога е во прашање газираната вода?
Луѓето со векови користат газирана вода за „смирување“ на својот желудник, пред сѐ, за непријатните симптоми на ждригавица. Некои истражувања дури покажаа дека газираната вода е поефикасна од обичната вода кога станува збор за ублажување на пречките во варењето, пишува „Лајфстронг“.

Меѓутоа, експертите предупредуваат дека пиењето газирана вода на празен желудник може да направи повеќе штета отколку корист.

„Киселината што ја содржи газираната вода е опасна за празен желудник, па наместо да го решите проблемот со ждригавицата или варењето, само би го влошиле. Газираната вода најдобро е да се пие помеѓу оброците, додека сите газирани безалкохолни пијалаци треба да се избегнуваат колку што е можно повеќе“, објаснува д-р Ендрју Л. Рубман.

Исто така, со прекумерното консумирање газирана вода може да се појави влошување на состојбата кај луѓето кои страдаат од ГЕРБ (гастроезофагеална рефлуксна болест). Покрај газираните пијалаци, други пијалаци и намирници што можат да ги влошат симптомите ги вклучуваат пијалаците со кофеин, цитрусното овошје или сокови, зачинетата храна и сѐ што е претерано мрсно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *