Мувла во домот: Научете како да се ослободите од неа и зошто може да биде опасна по живот

Мувла во домот: Научете како да се ослободите од неа и зошто може да биде опасна по живот.
Мувлата претставува микроскопски габички кои се размножуваат на влажни подрачја, спори на мувла може да се најдат каде било, а интересно е што честичките се насекаде во атмосферата. Сигнали кои можат да откријат дека имате мувла во вашиот дом се познатите црни дамки на ѕидовите, а може да се појават и како бели или зелени ленти. Мирисот на мувла е непријатен и лесно се препознава.
Мувлата станува поопасна во куќата кога температурите се ниски, а токму тоа нѐ очекува.
Како мувлата може да влијае на вашето здравје?

Луѓето кои живеат во домаќинства во кои се наоѓа мувла имаат поголема веројатност да страдаат од респираторни проблеми, астма, алергии или инфекции.

Мувлата ослободува спори, клетки и делови во воздухот, а ако ги допреме или вдишуваме, може да дојде до алергиска реакција како што се кивање, течење на носот, црвени очи или осип. Исто така, може да предизвика и напад на астма, кој ќе се манифестира со кашлање, кивање и тешкотии со дишењето.

„Дури и оние кои немаат проблеми со астма може да имаат алергиска реакција. Во некои случаи, мувла може да се вдиши и подоцна да се пронајде во белите дробови – што може да биде опасно по живот“, наведува Енди Витамор, експерт за астма. Лицата што се изложени на ризик од сериозни последици се постарите лица, децата и бебињата и оние со постоечки респираторни проблеми. Мувлата може да биде опасна и за луѓето кои имаат слаб имунолошки систем, или поради болест или поради лекови што ги земаат.
Како да ја спречите мувлата во домот?

Во посериозни случаи, поединец малку може да направи, потребни се експерти за да се отстрани. Но, она што можете сами да го направите е да се туширате пократко, бидејќи така ќе се создаде помалку влага, што го поттикнува развојот на мувлата, но и ќе обезбеди подобра вентилација на просториите во кои може да се појави мувла.

По капењето, бањата избришете ја од влагата, што важи и за кадата. Влажните крпи ставете ги да се исушат. Доколку забележите мувла во кадата, тоа е знак дека треба почесто и потемелно да ја чистите бањата. Кога готвите, отворете ги прозорците во кујната за да излезе влагата.

Ако ви тече мијалникот, тоалетот, тушот, машината за миење садови или фрижидерот, решете го проблемот што е можно поскоро. Наталожената вода може да доведе до проблеми со мувлата и со лебарките. Повикајте водоводџија ако не можете сами да го пронајдете проблемот или не знаете како да го поправите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *