ГО НАМАЛУВА ХОЛЕСТЕРОЛОТ, ГО ШТИТИ СРЦЕТО И ГИ „ПУМПА“ МУСКУЛИТЕ: Напитокот е готов за 5 минути, а е БОМБА за здравјето…

ГО НАМАЛУВА ХОЛЕСТЕРОЛОТ, ГО ШТИТИ СРЦЕТО И ГИ „ПУМПА“ МУСКУЛИТЕ: Напитокот е готов за 5 минути, а е БОМБА за здравјето…

Храна која е достапна на секој чекор, најупотребувана е за зголемувањето на мускулната маса! Сега е откриено дека сурутката е добра за холестеролот.

Лекарите го нарекуваат високиот холестерол и тивок убиец, бидејќи симптомите често се откриваат само кога тој предизвикал сериозна болест, особено оние поврзани со срцето и крвните садови. Зголемениот холестерол создава наслаги на ѕидовите на крвните садови и го спречува протокот на крв до виталните органи, како резултат на што се јавуваат сериозни состојби како мозочен удар или срцев удар.

Покрај лековите за овој проблем, кои може да ги препише само лекар, постојат и некои народни лекови кои можат да ја променат регулацијата на холестеролот. Една од нив е сурутката, покажа една неодамнешна студија.

Јадењето протеин од сурутка може да помогне да се намали лошиот холестерол и да се зголеми добриот холестерол, а со тоа да се заштити срцето. Инаку, сурутката најчесто се користи за зголемување на мускулната маса, а се продава во форма на прашок кој се меша со вода. Истиот пијалок ќе помогне да се намали холестеролот во крвта, велат лекарите.

Доволни се само три грама од овој прав дневно, измешани во вода.

Освен тоа, советуваат и промена на исхраната, да се јаде повеќе храна богата со растворливи диететски влакна. Во студијата се наведува и дека треба да се зголеми количината на овошје и зеленчук, да се воведе овесна каша, а „обичните“ тестенини да се заменат со цели зрна.

Не заборавајте за физичка активност – пред сè, аеробни вежби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *