ВАЖЕН ВИТАМИН ЗА СИТЕ НАД 50 ГОДИНИ: Влијае на имунитетот и метаболизмот, а еве во кои намирници го има најмногу

ВАЖЕН ВИТАМИН ЗА СИТЕ НАД 50 ГОДИНИ: Влијае на имунитетот и метаболизмот, а еве во кои намирници го има најмногу

Сите знаеме дека здравата исхрана е важна, но можеби не знаете дека по одредена возраст треба да консумирате повеќе хранливи материи кои се прилагодени на вашето тело.

Меѓу нив е и витаминот Б12, кој е важен за метаболизмот, производството на црвени крвни зрнца, ДНК, функциите на имунолошкиот систем…
Се разбира, витаминот Б12 игра важна улога и за здравјето на срцето и мозокот.

По 50-тата година, способноста на телото да го апсорбира витаминот Б12 полека се намалува, па затоа е важно да се внесува дури и повеќе од вообичаено.

Еве во која храна се наоѓа!
Витаминот Б12 ќе го најдете во црвеното месо, потоа живината, јајцата, рибата и млечните производи.

Експертите предупредуваат дека луѓето постари од 50 години кои следат вегетаријанска или веганска исхрана имаат уште пониски нивоа на витамин Б12, па затоа обрнете посебно внимание ако се храните на тој начин.

Неговата апсорпција е исто така инхибирана од анемија, како и болести како што се Кронова болест или целијачна болест.

Забелешка:
Природните лекови на нашиот портал служат за помош на луѓето. Ако имате здравствен проблем, прво нешто што треба да направите е да се консултирате со лекар.

Во никој случај не треба да се потпирате на алтернативна медицина без стручно мислење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *