НИКОГАШ НЕ СТЕ ПРОБАЛЕ ПОДОБАР И ПОВКУСЕН РЕЦЕПТ: Неодоливи ПОДПЕЧЕНИ КОМПИРИ за чиста десетка!

НИКОГАШ НЕ СТЕ ПРОБАЛЕ ПОДОБАР И ПОВКУСЕН РЕЦЕПТ: Неодоливи ПОДПЕЧЕНИ КОМПИРИ за чиста десетка!




Вака подготвените компири се сочни и полни. Ви
препорачувам да го пробате!




Состојки:
- 1 и пол кг компири
- половина литар крем за готвење
- 2 dl млеко
- 1 дл масло
- 1 кесичка супа од печурки во прав
- малку бибер, зеленчук и листови магдонос
- по желба сирење




Подготовка:
Излупете ги компирите и исечете ги на коцки. Зачинете со бибер и зеленчук и измешајте.
Прашокот за супа од печурки измешајте го со кремот без грутки, потоа додадете млеко и масло и ситно сечканиот магдонос и измешајте.




Компирите се ставаат во тавче со пречник од околу 30 см и се покриваат со приготвениот крем и состојките.




Се пече во загреана рерна на 200 степени 35-40 минути.




Извадете го кратко и посипете со рендан кашкавал колку сакате. Вратете уште 10 минути за да се стопи кашкавалот.На здравје