ШТО ПРОГНОЗИРАШЕ БАБА ВАНЃА ЗА 2023 ГОДИНА? Едно од нејзините предупредувања е особено АЛАРМАНТНО, нема ништо СТРАШНО

ШТО ПРОГНОЗИРАШЕ БАБА ВАНЃА ЗА 2023 ГОДИНА? Едно од нејзините предупредувања е особено АЛАРМАНТНО, нема ништо СТРАШНО

Новата година се ближи, а по неколку турбулентни години во кои имаше земјотреси, корона вирусот, а последната – војната во Украина , многумина се прашуваат што ни подготвува претстојната година.

Одговор на тоа прашање би можела да понуди Вахгелија Гуштерова, попозната како – Баба Ванѓа. Оваа слепа пророчица од Бугарија го изгубила видот кога имала 12 години и тврдела дека Бог и дал дар на видовитост .Таа направи предвидувања до 5079 кои се објавуваат секоја година.

Таа наводно успешно го предвидела нападот на кулите близначки во Њујорк на 11 септември и „Брегзит“. Таа почина во 1996 година, но нејзините пророштва продолжуваат да ја интригира јавноста.

Еве што предвиде таа за 2023 година:
Сончева бура
Едно од најалармантните предупредувања е соларната бура која може да има страшни последици. Во денешниот свет кој е силно зависен од електрична енергија, сончевата бура би влијаела на многу начини на комуникација и услуги.

Експертите сметаат дека штетите на светската инфраструктура би биле огромни и дека човештвото би останало без струја – со години!

Земјата отстапува од својот тек
Баба Ванѓа предвиде и како би можел да се промени патот на Земјата во 2023 година.

Последиците би можеле да бидат застрашувачки. Еден од нив е зголеменото глобално затоплување и тоа би се случило за само една година. Многу високите температури би биле погубни за животот на Земјата.Друго толкување на ова предвидување е, за жал, уште полошо, вклучување на удар на астероид кој би ја „исфрлил“ Земјата од нејзиниот нормален пат и би имал можеби попогубен ефект.

Моќно биолошко оружје
Баба Ванѓа имаше и визија за развој на моќно и смртоносно биолошко оружје , што е доста релевантно во контекст на денешните геополитички настани.Бидејќи е невозможно да се знае точно што имала на ум Баба Ванѓа, не е познато на какви експерименти мислела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *