СО ОВИЕ ТРИКОВИ ЌЕ ЗАШТЕДИТЕ СТРУЈА ВО ЗИМАТА: Кога ќе ја видите сметката на крајот, ЌЕ СЕ ЗАЧУДИТЕ

СО ОВИЕ ТРИКОВИ ЌЕ ЗАШТЕДИТЕ СТРУЈА ВО ЗИМАТА: Кога ќе ја видите сметката на крајот, ЌЕ СЕ ЗАЧУДИТЕ

Тричлено семејство годишно троши околу 11 отсто од електричната енергија за готвење, а постојат неколку трикови за заштеда на енергија во кујната.

Неопходно е да се готви во покриен сад, бидејќи така се заштедува до 20% енергија, а треба да користите и садови чија големина е пропорционална на грејната површина за да избегнете губење на 20% енергија ;

Кога водата ќе зоврие, грејната моќ на садот треба да се намали на најниската можна температура на која водата ќе продолжи да врие. На овој начин може да се заштеди до 60% од енергијата;

Најекономично готвење се прави во шпорет под притисок, што го намалува времето на готвење и потрошената електрична енергија за два до три пати.Исклучувањето на рерната 10 минути пред крајот на готвењето може да заштеди до 20% енергија.

Кога ја користите рерната, пожелно е да ја отворате што е можно помалку бидејќи при секое отворање на вратата на рерната се губи 20% од топлината. Енергијата може да се заштеди и со избирање тенџере и тава чии радиуси одговараат на големината на колото. Радиусот на садовите може да биде дури и малку поголем.

Дополнително, парите и енергијата може да се заштедат доколку во тенџерето се стави само потребната количина на вода бидејќи тоа го забрзува процесот на загревање и на тој начин ја намалува потрошувачката на вода и енергија. Јајцата и зеленчукот може да се зготват на само 2 сантиметри вода – со други зборови, не треба да се прекриваат со вода. Последниот совет е за љубителите на тестенини – ставете ги во тенџере додека водата е сеуште ладна. Така тестенините побрзо ќе бидат готови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *