СТАР РЕЦЕПТ ЗА ВАНИЛИЦИ: Крцкаво тесто што се топи во устата – може да се јаде 2 недели по подготовката

СТАР РЕЦЕПТ ЗА ВАНИЛИЦИ: Крцкаво тесто што се топи во устата – може да се јаде 2 недели по подготовката

Ванилиците најдобро одговараат со домашно кафе и одбрано друштво. Ви пренесуваме стар рецепт кој делува за секого:

Состојки:

  • 250 грама маст или путер;
  • 500 грама брашно;
  • 4 јајца;
  • 100 грама мелени ореви;
  • лимон;
  • малку џем од кајсии;
  • 250 грама шеќер;
  • шеќер во прав.

Начин на подготовка :
Маста или путерот се матат додека не се запени, се додава една жолчка и едно цело јајце, шеќерот и сок од цел лимон. Истурете брашно и замесете тесто, па расукајте ја кората до дебелина од 5 милиметри.

Извадете ги колачите ванила со мал калап или мала чаша.

Секое слатко ванила потопете го во изматен снег од две белки и посипете ги со мелените ореви. Наредете ги во намрсен плех и ставете ги во загреана рерна да се печат, но внимавајте да останат бели т.е. да не порумени.

Кога ќе се испечат, секое покријте го со џем и споете две. Додека ванилиците сеуште се топли, валкајте ги во шеќер во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *