Руски лекар открива: Овие ДВЕ намирници се најмоќната заштита од вируси и настинки

Најдобра заштита за вашиот имунитет.
Како да се заштитите од настинки и вируси кои неконтролираат во зима?

Внесувањето на витамини и минерали кои го зајакнуваат одбранбениот систем е од клучно значење, а најздрав начин за нивно обезбедување на организмот е преку исхраната. Така, лекарите имаат совет: две намирници за кои не би верувале дека се бомба за имунитет – сланината и тиквата ќе направат чуда за вашето тело!
Во зима, имунитетот е загрозен
Во зима, сите сме изложени на поголем ризик да заболиме од настинка или грип. Лекарите препорачуваат во овој период да не заборавите на превенцијата: јадете лук, пијте билни чаеви и подигнете го штитот на телото кој ќе ве заштити. Сепак, постои попријатен начин да го подобрите вашето здравје, вели рускиот лекар Виктор Маслеников.

Покрај лукот, постојат и многу други корисни намирници кои исто така ефикасно се грижат за нашето здравје. На пример, сланина и тиква. Со умерено и редовно внесување на овие намирници ќе му направите услуга на вашето здравје, ќе се заштитите од сезонските болести – истакнува докторката.
Јадете сланина, печете тиква!
Според докторот, пожелно е да се јаде сланина секој ден за ручек, но во умерени количини – 20-30 грама е доволно. Сè што е надвор од тоа може негативно да влијае на работата на желудникот и црниот дроб. Не е неопходно да се комбинира со лук.

Поради големото количество на арахидонска киселина, свинската маст помага во спречување на вирусни заболувања и на тој начин го зајакнува имунолошкиот систем – тврди докторката.

Што се однесува до тиквата, Маслеников препорачува да се јаде во која било форма – варена, печена, па дури и сирова. Главната работа е да не користите масло, зачини и многу шеќер во процесот на подготовка.

Тиквата содржи огромно количество каротеноиди и елементи во трагови, кои во голема мера го зајакнуваат имунолошкиот систем. Затоа, колку почесто го јадете, толку подобро ќе ви биде здравјето – нагласува Маслењиков и сепак ги предупредува кардиоваскуларните пациенти како и оние со дијабетес да внимаваат на овие две намирници бидејќи можат да им наштетат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *