ЗА ОВАА РИБИНА ЧОРБА СИТЕ ЌЕ ВИ ПОБАРААТ РЕЦЕПТ ЗА СЛАВА: Се Спрема ПОЛЕСНО од која било друга,а вкусот не се споредува

ЗА ОВАА РИБИНА ЧОРБА СИТЕ ЌЕ ВИ ПОБАРААТ РЕЦЕПТ ЗА СЛАВА: Се Спрема ПОЛЕСНО од која било друга,а вкусот не се споредува




Тајната на совршено вкусната рибна супа се крие во изборот на риба, балансот на вкусови и зачини, како и начинот на подготовка, кој во овој случај е малку специфичен…




Состојки:
- 500 гр ослич
- 500 гр компири
- 300 гр моркови
- 2 големи главици кромид
- 2 лажици алкохолен оцет
- 3-4 ловорови листови
- Сол
- бибер
- сув зачин
- магдонос




Подготовка:
Осличот исечкајте го на филети (ако веќе не е филети), компирите, морковите и кромидот на прстени. Наредете ги состојките во широка, плитка тава, по овој редослед: компири, кромид и моркови, стекови од ослич. Завршете со компири.




Зачинете, истурете ладна вода за да бидат добро натопени сите состојки и прелијте со оцет. Ставете на силен оган да зовријат што побрзо. Штом ќе зоврие, намалете го огнот на минимум и варете додека не се сварат компирите.




Не мешајте, само протресете ја тавата од време на време. Посипете со магдонос и послужете.