Што е ПОЗДРАВО , ЖОЛЧКИТЕ или БЕЛКИТЕ? Решете ја оваа дилема еднаш засекогаш

Што е ПОЗДРАВО , ЖОЛЧКИТЕ или БЕЛКИТЕ? Решете ја оваа дилема еднаш засекогаш

Јајцата се извор на здрави масти, витамини и протеини. Често ги јадеме за појадок во различни форми, од матени јајца, варени, печени или како додаток на главните јадења и салати. Како и да ги консумирате, нивните здравствени ефекти врз нашиот организам не можат да се игнорираат. Едно прашање останува неодговорено со години. Дали белките или жолчките се поздрави?

Жолчките содржат повеќе масти, калории и холестерол од белките. Но, имајте ги предвид нутритивните потреби на просечниот возрасен човек, кои делумно може да се задоволат со јадење јајца.

Така, потребни ни се околу 50 грама протеини кои помагаат во обновувањето и растот на мускулното ткиво. Потребни ни се и околу 70 грама масти, кои ни помагаат да ги апсорбираме хранливите материи, да ги заштитиме органите, да го стимулираме растот на клетките и да му дадеме енергија на телото. Покрај тоа, ни треба железо, осум милиграми, кое помага во транспортот на кислородот во телото. Потребен ни е и калиум, 4.044 милиграми, кој го одржува крвниот притисок, а цинкот кој ни е потребен, 11 милиграми, го поттикнува растот на клетките и го одржува имунитетот.

Кога зборуваме за јајца, повеќе од половина од содржината на протеини е во белката. Во едно големо јајце има околу четири грама протеини. Белките се целосни протеини бидејќи содржат девет аминокиселини. Постои голема разлика во калориската вредност помеѓу белките и жолчките. Така, белките имаат само 17 калории, додека жолчките 55, пишува Healthline.

Исто така, белките речиси немаат маснотии, а за луѓето кои јадат храна богата со протеини со намален дел од калориите, белките често се на менито. Жолчката содржи есенцијални хранливи материи и витамини од јајцето, како и каротеноиди растворливи во масти кои го штитат видот и очите од формирање на катаракта и други заболувања.

На крајот, гледаме дека двата дела од јајцето имаат специфични придобивки, но нутриционистички, жолчката е побогата од белката. Сепак, треба да се консумира умерено бидејќи содржи високо ниво на холестерол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *