Намалете го ризикот од СРЦЕВ НАПАД: Со редовно пиење на овој СОК, можете да го подобрите вашето здравје на многу начини

Сокот од овој зеленчук е се попопуларен пијалок, пред се поради неговите големи здравствени придобивки.
Цвеклото е здрав корен зеленчук кој може да се подготви на многу различни начини, а неговиот сок е еден од се попопуларните пијалоци, пред се поради големите здравствени придобивки. Имено, цвеклото е многу хранливо и полно со есенцијални витамини, минерали и растителни соединенија, од кои многу имаат лековити својства. Содржи големи количини на калиум, фосфор, калциум, магнезиум и железо, но и одредена количина на кобалт, кој учествува во создавањето на витаминот Б12.

Најновото истражување покажало дека само една чаша сок од цвекло дневно може благотворно да влијае на нашето здравје, особено на здравјето на нашето срце и кардиоваскуларниот систем, пишува Index.hr.
Нашето истражување покажува дека една чаша сок од цвекло дневно би можело да биде еден од начините за внесување неоргански нитрати во нашата исхрана со цел да се запре воспалението во организмот кое, меѓу другото, може да доведе до срцеви заболувања, па дури и до срцев удар – рече Асад Шабир, истражувачки автор и предавач на Универзитетот Квин Мери во Лондон.
Освен што го намалува ризикот од срцеви заболувања, друга студија покажа дека секојдневното консумирање сок од цвекло може да ја подобри нашата издржливост. Имено, возрасните кои пиеле 500 мл од овој сок дневно можеле да вежбаат дури 16 отсто подолго од оние кои не го консумирале.

– Нитратите делуваат во синергија со антиоксидансите содржани во цвекло за да го намалат кислородот потребен на мускулите. Ова им овозможува да функционираат поефикасно и го намалува заморот – изјави Стивен Бејли, кој работеше на споменатата студија.

Нутриционистите исто така истакнуваат дека редовното консумирање сок од цвекло помага за одржување на здравјето на цревата, го забрзува метаболизмот и слабеењето, а некои податоци покажуваат дека поради подобриот проток на крв кај жените го олеснува и зачнувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *