НЕОБИЧЕН ЧАЈ од БАНАНА: Не само што е вкусен – тој е и природен лек за една работа

НЕОБИЧЕН ЧАЈ од БАНАНА: Не само што е вкусен – тој е и природен лек за една работа

На сите понекогаш ни останува по некоја банана која не можеме да ја јадеме, затоа и ја пишуваме оваа статија.
Можете да ги користите за овој прекрасен чај од банана.

Бананите ги сакаат сите, а одлични се и за здравјето. Тие се богати со влакна и богати со голем број други важни хранливи материи, вклучувајќи магнезиум и калиум. Неверојатни се затоа што освен што се толку хранливи, заситуваат и не ви треба голема количина за да се чувствувате сити, а исклучително се практични за носење со себе и секогаш при рака.

Кога сакате да земете здрава ужина, сигурно нема да спакувате праска или јагоди во чантата, колку и да се здрави, туку многу „уредна“ и благодарна банана.

Но, со оглед на тоа што најчесто ги купуваме на големо, често се случува да имаме дома повеќе отколку што можеме да изедеме пред да се влошат. Наместо да чекате да порумени и изгние, пробајте го овој неверојатен чај од банана.

Чај од банана за добар сон
Време за готвење: 10 мин
Состојки за 1 чаша:

  • 1 банана
  • 2 dl вода
  • прстофат цимет

Чајот се подготвува вака:
Ставете ја водата во тенџере доволно за да собере една банана, а потоа ставете ја на оган да зоврие, отсечете ги двата краја на бананата и ставете ја во зовриената вода заедно со кората. Ако сакате, можете претходно да го измиете, но не е потребно, варете 10 минути.
Со помош на цедалка истурете ја течноста во чаша

Посипете со прстофат цимет. Циметот е опционален, но одлично оди со вкусот на чајот од банана.Пијте го еден час пред спиење
Нема ништо полошо од фрлање и вртење во кревет со часови, гледање во часовникот и одбројување на времето додека не се вклучи алармот. Па, кога ќе ви се случи ваква ноќ, посегнете по ова сосема природно решение. Повеќето од придобивките од овој чај доаѓаат од триптофан, хемикалија која ве прави поспани, а која е изобилна присутна во кората од банана.

И уште еден совет:
Кога ќе ја извадите бананата од тенџерето во кое е сварена, не фрлајте ја, туку посипете ја со цимет и изедете ја.Варената банана ќе го подобри впечатокот на овој чај со својот смирувачки ефект.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *