ОВА ТРЕБА ДА ГО ЗНААТ МАЈКИТЕ НА СИНОВИТЕ: Ова НИКОГАШ не смеете да го правите!

ОВА ТРЕБА ДА ГО ЗНААТ МАЈКИТЕ НА СИНОВИТЕ: Ова НИКОГАШ не смеете да го правите!
Не постои таков родител кој никогаш не греши, а најдобар е оној кој се преиспитува секој ден.
Иако се трудиме да го воспитуваме своето дете и да го водиме на вистинскиот пат, некои грешки во воспитувањето можат да имаат сериозни последици . Прочитајте неколку вакви грешки, кои мајките несвесно ги прават при воспитувањето на своите синови.

Од нив се очекува да бидат емотивно силни бидејќи се момчиња. Дури и најмодерните родители често не забележуваат како можат да ја прегрнат и утешат својата ќерка, која плачела поради скршена играчка, додека се обидуваат да го охрабрат својот син во истата ситуација , критикувајќи го дека плаче.

Тие претпоставуваат дека нивните синови никогаш нема да бидат во улога на жртва. Родителите имаат потреба да ги заштитат своите ќерки и тоа е важно. Но, забораваме дека и момчињата лесно можат да станат жртви. Според истражувањето на MaleSurvivor, едно од шест момчиња доживува некаков несакан интимен контакт додека наполни 18 години

Очекуваат да го сакаат спортот и да бидат добри спортисти. Спортот е одличен начин за трошење енергија и слободно време, но, како и сè друго, спортот не е за секого. Децата дефинитивно треба да пробаат неколку спортови додека се млади, особено тимските спортови – нè учат на други важни работи, како тимска работа, дух на заедница, истрајност . Но, вашиот син навистина не мора да биде голем спортист, особено ако тоа не го привлекува.

Не им дозволуваат да имаат стравови. И момчињата имаат право да се плашат. Исто како и девојките. Никогаш не треба да им го всадите чувството дека стравот е емоција што не треба да ја чувствуваат.
Наместо да им кажете „ Нема од што да се плашите! “ замолете ги да ви ги објаснат своите стравови. Кажете им дека стравот е нормален и дека храбрите луѓе не се оние кои никогаш не се плашеле од ништо, туку оние кои се плашат, но избираат да не дозволат стравот да ги спречи.

Тие претпоставуваат дека нивните синови нема да наштетат никому. Сите сакаме да веруваме дека нашите деца се најдобри. Но, нашите синови, исто како и нашите ќерки , мора да се научат на емпатија , да ги почитуваат границите поставени од луѓето околу нив, а дека нечие НЕ значи вистинско НЕ .

Прават несоодветни шеги за гениталиите на нивниот син (ова важи дури и за најраната возраст на детето)
Престануваат даги гушкаат и да бидат нежни со нив кога ќе пораснат.
Човечкиот допир и нежност е основна потреба на сите луѓе на планетата, без разлика колку години имаат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *