Ниту искусните домаќинки не го знаат овој трик: Кога ставате кисела зелка во буре потребно е да ја додадете и оваа намирница – ќе имате неодолив вкус на зимница

Ниту искусните домаќинки не го знаат овој трик: Кога ставате кисела зелка во буре потребно е да ја додадете и оваа намирница – ќе имате неодолив вкус на зимницаПостојат различни начини за ставање кисела зелка, но ретко која жена знае за следниот трик којшто ѝ дава посебен вкус на зелката.

Без кисела зелка не можеме да ја замислиме зимата, а малкумина знаат дека овој зеленчук е многу поздрав баш во тој облик. Богата е со растителни влакна, витамин Ц, К и бројни витамини од групата Б. Покрај тоа, таа содржи и магнезиум, калциум, железо, а содржи и голема количина на манган и бакар.

Иако сите домаќинки главно имаат свои проверени рецепти за ставање кисела зелка, речиси сме сигурни дека ретко која од нив во бурето става дуњи.

  • Потребни состојки за буре од 40 литри:
  • 10 главици зелка;
  • 20 литри вода;
  • ½ килограм сол;
  • 1-2 зрели дуњи.

Подготовка:
Зелката исчистете ја и вдлабнете ја, па во секоја од нив ставете по една лажица сол. Распоредете ги зелките во бурето од 40 литри. Налејте ја зелката со вода во која сте раствориле сол. Немојте да заборавите дека во секоја главица претходно сте ставиле по една лажица сол и на тоа сте додале веќе 100 грама.

На секои 10 литри вода ставете 250 грама сол и добро измешајте. Зелката мора да биде покриена со вода. Оставете ја зелката 2-3 дена, па проверете дали е потребно да додадете уште вода. Притиснете ја зелката со некој тежок предмет. Во бурето потоа додадете неколку дуњи за зелката да добие убава боја и уште поубав мирис и вкус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *