ДЕНЕСКА Е ПРЕПОДОБЕН ЈОАНИКИЈ ВЕЛИКИ: Чудотворец и по неговата СМРТ,денес помолете се со ОВИЕ зборови

ДЕНЕСКА Е ПРЕПОДОБЕН ЈОАНИКИЈ ВЕЛИКИ: Чудотворец и по неговата СМРТ,денес помолете се со ОВИЕ зборови

Овој голем духовен светец се роди во селото Марикати, во областа Витиниска, од татко Миритрикиј и мајка Анастасија.

Како момче беше овчар. Пасејќи ги овците често се повлекуваше во самотија и по цел ден стоеше на молитва, оградувајќи го своето стадо со знакот на крстот за да не се оддалечува и разотидува.

Потоа, го зедоа во војска каде што покажа чудесна храброст, особено во војните против Бугарите. По војничката служба, Јоаникиј се повлече во Олимп Азиски каде што се замонаши и сиот се предаде на подвиг, од којшто не отстапи до длабока старост, до својата смрт.

Се подвизуваше над педесет години, и тоа на разни места. Имаше од Бога изобилен дар на чудотворство: лечеше секакви маки и болести, изгонуваше демони, скротуваше ѕверови, особено имаше власт над змиите, преминуваше преку вода како по суво, беше невидлив за луѓето кога ќе посакаше, пророкуваше идни настани.

Се одликуваше со преголемо смирение и многу кротост. По надворешниот изглед беше како џин, крупен и силен. Живо учествуваше во судбината на Црквата Божја.

Во времето на иконоборството и самиот најпрво се опрелести, но си дојде на себе и стана ревносен поборник на иконопочитувањето. Му беше голем пријател на Методиј, патријархот Цариградски.

Свети Јоаникиј поживеа деведесет и четири години и се упокои мирно во Господа, во 846 година. И после смртта остана чудотворец.

Ова е молитва посветена на преподобен Јован Велики:

Со потоци од твоите солзи ја обработуваше пустината пустина и со воздишки од длабочините на душата со голем труд ги умножуваше своите таленти. Ти беше светилник на светот, со чудата твои свети, оче наш Јоване: Моли се на Христа Бога, да ги спаси нашите души.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *