ГО ЗАЈАКНУВА ИМУНИТЕТОТ, СЕ БОРИ СО ВИРУСИ И ГО ЗАШТИТИ РЕСПИРАТОРНИОТ СИСТЕМ: Совршено зимско овошје – одлично и за диета

Лековитите својства на мушмулата се многубројни.

Мушмулата е позната по едноставното одгледување, пријатниот вкус, но и по бројните позитивни ефекти што ги има врз целокупното здравје на организмот. Содржи протеини, јаглехидрати, протеини, органски киселини, танини, голема количина на витамини Б и Ц, железо, калиум, калциум, магнезиум… Мушмулата е погодна за луѓе на диета, 100 грама овошје има само 43 калории.

Плодовите од мушмули го штитат дигестивниот систем, помагаат при запек, го намалуваат надуеноста и благотворно делуваат на проблеми со црниот дроб и бубрезите. Поради високата концентрација на витамин А, мушмулите се добри за видот, а го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација на окото и катаракта. Мушмулата е одличен сојузник и во борбата против респираторните инфекции.

Пектинот или диеталните влакна од мушмулата може да го намалат нивото на маснотии во крвта, како и да ја запрат дијареата. Бројни студии покажаа дека мушмулата ја намалува прогресијата на остеопорозата.
Чај од мушмули

Можете да пиете чај од мушмула два пати на ден доколку имате проблеми со вртоглавица, инфекција на усните или грлото. Со овој чај можете да го ублажите крварењето на непцата и да го освежите здивот.

Подготовка: Неколку ситно сечкани свежи мушмули прелијте ги со 2 dl топла вода. Покријте ја смесата и оставете ја да отстои најмалку еден час. Откако ќе го процедите, консумирајте го најмалку три пати на ден. Ако сакате, можете да додадете лимон и мед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *