УМРЕЛА 4 ДЕНА ПО ЧИСТЕЊЕТО НА ТОАЛЕТОТ:ИЗМЕШАЛА 2 СОСТОЈКИ КОИ НЕ ТРЕБА А ОВА МОЖИ НА СЕКОЈ ДА МУ СЕ СЛУЧИ!

УМРЕЛА 4 ДЕНА ПО ЧИСТЕЊЕТО НА ТОАЛЕТОТ:ИЗМЕШАЛА 2 СОСТОЈКИ КОИ НЕ ТРЕБА А ОВА МОЖИ НА СЕКОЈ ДА МУ СЕ СЛУЧИ!

Веднаш била пренесена во болница, каде што лекарите морале да ја стават во индуцирана кома, но четири дена подоцна таа ја изгубила битката

На 19 јули, Леа Сејмур (34) била во својот дом во Фелтам, западен Лондон и ја чистела бањата. Тоа би испаднало фатално за неа.

Имено, таа вдишила големо количество отровни испарувања кои и предизвикале напад на астма. По четири дена борба во болница, нејзините бели дробови сепак не успеаја да закрепнат.

Цилија, како што ја нарекувале пријателите, тој ден била кај неа дома со Питер Сефери, кој е сопственик на автопералната каде што била вработена. Тој објасни како се одвивала трагедијата .

-Ја повикав и реков дека сум во близина на нејзината куќа и дека ќе стигнам за неколку минути. Таа рече дека ќе ја исчисти бањата и дека ќе ја остави вратата отклучена. Само што влегов почувствував силен мирис.

Слезе долу и нормално разговаравме неколку минути, кога почна да се гуши ми рече да повикам брза помош. Набрзо таа се онесвести, а јас се обидував да и пружам прва помош – раскажува тој.

Веднаш била пренесена во болница, каде што лекарите морале да ја стават во индуцирана кома, но четири дена подоцна таа ја загубила битката.

Џули Фалон, рече дека пожарникарите и објасниле дека мешањето на белилото и средството за чистење тоалети создава опасен гас што предизвика напад на астма, а таа ги повикува другите луѓе да не пробуваат такво нешто.

Набргу по трагедијата, Питер го сменил името на бизнисот во „Celia’s Car Wash“ во спомен на несреќната девојка и пријателството што го изградиле во текот на пет години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *