Вкусна и БРЗА ПИЦА ТОРТИЛА: Потребни ви се само неколку СОСТОЈКИ за БОГАТ и ЗАДОВОЛИТЕЛ ручек во кој ќе ужива целото СЕМЕЈСТВО!

Вкусна и БРЗА ПИЦА ТОРТИЛА: Потребни ви се само неколку СОСТОЈКИ за БОГАТ и ЗАДОВОЛИТЕЛ ручек во кој ќе ужива целото СЕМЕЈСТВО!




Сами одредете ги количините според бројот на тортиљи и дали ви се допаѓаат повеќе или помалку исполнети.




Состојки:
Купени тортиљи, доколку не сакате сами да ги направите,сирење,пушена шунка (ситно сечкана), кечап, печурки, ориганопо желба .




Доколку сакате сами да направите тортиљи, еве го рецептот за тесто:




Во сад ставете ги двата вида брашно и измешајте ги со масло, сол и додадете топло млеко. Замесете тесто, покријте го и оставете го да отстои околу 30 минути.




Тестото поделете го така што да добиете 8 дела, обликувајте топчиња и секое од нив расукајте го со сукало додека не добиете тенко тесто.




Загрејте ја тавата и пржете ги тортиљите со многу малку масло, предлагаме да користите керамичка тава или тефал со подебело дно. Печете ја тортиљата околу 1 минута од секоја страна, а штом тестото ќе почне да нараснува и да порумени, тоа е знак дека тортиљата е готова.




Испечете ги сите осум парчиња и држете ги покриени за полесно да се виткаат.
Само наредете ги состојките во тортилја, свиткајте во виткање и печете додека не порумени.Пријатно!