ДОМАШНИ КЕБАПИ: Веќе нема да ПОМИСЛИТЕ НА КУПЕЧКИ, а подготовката е толку лесна! (РЕЦЕПТ)

Traditional Adana Kebap with tomato and salad on a flatbread as top view.

ДОМАШНИ КЕБАПИ: Веќе нема да ПОМИСЛИТЕ НА КУПЕЧКИ, а подготовката е толку лесна! (РЕЦЕПТ)
Донер или ќебап стана класика на улична храна на нашите простори, а со малку труд лесно можете да го направите дома. Можете да користите мелено месо како јагнешко, или да го замените со говедско или свинско месо во зависност од тоа што преферирате.

Во подготовката може да ви помогне блендерот, бидејќи во него едноставно се „блендираат“ сите состојки, а ако немате, месото може да го „замесите“ и со раце. Послужете го печеното месо со лепчиња и вашите омилени прилози и сосови.
Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 кромид
  • 4 чешниња лук
  • 100 гр презла
  • 2 лажички ким
  • 1 лажичка копар
  • 1 лажичка оригано
  • пипер сол, бибер
  • масло
  • Подготовка:
    Кромидот и лукот ситно исечкајте ги. Сите состојки освен маслото се ставаат во блендер, се додаваат зачините по вкус и се се блендира неколку минути додека не се добие компактна смеса. Доколку немате блендер, измешајте ги сите во сад, па соединете ги со рацете.

    Загрејте ја рерната на 180 степени. Земете поголем лист алуминиумска фолија, малку подмачкајте го, па префрлете го месото. Формирајте 3 цврсти леба слични на помали лепчиња. Цврсто тркалајте ја фолијата, извртувајќи ги краевите.
    Ставете го на плех и печете околу 40 минути, а потоа отстранете ја фолијата и печете уште неколку минути за да добиете крцкава кора. Кога е готово, оставете малку да се излади, а потоа ставете ги во лепиња и додајте прилози по желба.

    Leave a Reply

    Your email address will not be published. Required fields are marked *