Важна бројка:Колку пати дневно треба да мокрите?

Со мокрењето, телото ги исфрла токсините и вишокот течности од организмот, а бојата на урината кажува многу за нашето здравје. Освен на бојата, треба да обрнете внимание и на тоа колку често мокрите во текот на денот.

Колку често ќе го посетите тоалетот во еден ден зависи од тоа колку течност внесувате во телото. Но, сепак постои оптимална бројка за тоа колку често е доволно, а сè што е над таа бројка може да укажува на здравствен проблем.

“Некои жени мократ на секој час, сметајќи го тоа за нормално. Но, честото одење во тоалет не е добро. Оптималната бројка е 6 до 7 пати дневно, а тука се подразбира внесување на 2 литри вода дневно.” – вели д-р Невен Капун, специјалист по урологија.
Што се однесува до одењето во тоалет навечер, се толерира едно ноќно мокрење.

Кои се причините за пречестото мокрење?
Пречестото мокрење најчесто е предизвикано од два можни здравствени проблеми.
“Доколку не постојат симптоми кои се типични за воспаление на мочниот меур како што е пецкањето и чувството на болка, односно притисок при мокрењето, другата најчеста причина е прекумерно активниот меур” – тврди Невен.
Тоа значи дека меурот кој се полни со премалку урина предизвикува изненадна потреба за мокрење.Овој здравствен проблем најчесто се лечи со таблети.

Спротивно на пречестото мокрење, некои жени имаат преретка потреба за одење во тоалет.
“Преретката потреба за мокрење најчесто укажува на тоа дека личноста не внесува доволно течности, односно дека телото е дехидрирано” – вели Капун.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *