Црна лимонада – необичен пијалок кој прави чуда за нашето тело

Црна лимонада – необичен пијалок кој прави чуда за нашето тело
ваа лимонада е црна и само поради тоа е посебна и различна од секој домашен пијалок.

Оние кои пијат црна лимонада велат дека прави чуда за човечкото тело, бидејќи ги чисти токсините и помага во намалувањето на мастите.
Ако црната боја ве оддалечува, имајте на ум дека вкусот е идентичен со обичната лимонада. Овој пијалок е направен од само три состојки.

Главната состојка, која се смета за „магична“ е активен јаглен. Нема вкус и е многу добар за здравјето.
Тоа му помага на нашето тело да се ослободи од штетните материи и да ја намали надуеноста.
Експертите истакнуваат дека активниот јаглен има способност да го намали нивото на холестерол и да ја подмладува кожата.
Потребни состојки за црна лимонада:

  • -4 чаши филтрирана или флаширана вода
  • -1/2 чаша сок од лимон
  • – 1 лажица или 1 таблета активен јаглен

Измешајте ги сите состојки и по желба додадете уште лимон.

Напитокот послужете го ладен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *