Драг Боже, ти ја знаеш мојата потреба и ова го ставам во Твои раце

Драг Боже, ти ја знаеш мојата потреба и ова го ставам во Твои раце
Еднаш една жена со измачен и тажен лик влегла во една продавница. Му пришла на сопствениот со понизен глас и го запрашала дали може да и даде неколку намирници..
Еднаш една жена со измачен и тажен лик влегла во една продавница. Му пришла на сопствениот со понизен глас и го запрашала дали може да и даде неколку намирници. Објаснила дека нејзиниот маж е многу болен и не е способен за работа, а имаат седум деца и потребна им е храна.

Сопственикот грубо и се развикал и побарал од неа да ја напушти продавницата. И покрај тоа жената била толку очајна па продолжила да го моли, му рекла: „Ве молам господине! Ќе ви донесам пари што поскоро..“
Тој и одговорил дека не може да и даде затоа што нема отворена сметка во таа продавница.

Покрај касата стоел друг купувач кој го наслушнал нивниот разговор. Купувачот му пристапил на трговецот и му рекол дека е подготвен да плати се што и е потребно на жената за нејзиното семејство.

Трговецот со сериозен глас прашал: „Дали имате список на она што ви е потребно?“ Жената одговорила „Да, господине!“
„Во ред“ рекол тој.
„Ставете ја вашата листа на намирници на вагата и колку ќе покаже вагата, јас ќе ви дадам намирници со еднаква вредност“

Таа неколку мигови се колебала а потоа со спуштена глава извадила парче хартија од својата торба и напишала нешто на него. Тогаш внимателно го ставила парчето хартија на вагата стоејќи со наведната глава.

Очите на трговецот и купувачот не можеле да поверуваат како вагата се спушта до крајната точка и останува спуштена на едната страна.
Трговецот, стоејќи покрај вагата, се завртил полека спрема купувачот и рекол: „Не можам да поверувам во ова.“ Купувачот се насмевнал а трговецот почнал да ги става намирниците на другата страна од вагата за да ја изедначи тежината и на другата страна.

Тој продолжил да става намирници се додека вреќата не можела повеќе да издржи, но останал со шокираниот израз.

Го земал парчето хартија од вагата, а кога го прочитал останал вчудоневиден. На неа немало листа на намирници за купување. Наместо тоа, била испишана молитва која изгледала вака: „Драг Боже, ти ја знаеш мојата потреба и ова го ставам во Твои раце.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *