Тоа што ќе посееш, тоа и ќе жнееш: Што е карма и како делува?

Тоа што ќе посееш, тоа и ќе жнееш: Што е карма и како делува?
Игнорирањето на кармата не носи никаква корист. За да престанете да се плашите и да почнете да ја разбирате, потребно е да познавате одредени кармички правила.
1. Големиот закон

„Што си сеел, тоа и ќе жнееш“. Ова е исто така познато и како закон на „причина и последица“. Тоа значи дека што и да испратиме во Универзумот, тоа ќе ни се врати. Ако сакаме среќа, љубов, мир, пријателство… Тогаш треба да бидеме среќни, мирољубиви, добри пријатели.

2. Законот на развојот

Каде и да одиш, таму си ти. За да пораснеме во Духот, ние сме тие кои треба да се променат, а не луѓето, опкружувањето и околностите околу нас. Сѐ што имаме во животот сме ние самите, и само над себе треба да оствариме контрола. Кога ќе се промениме себеси однатре, тогаш и нашето срце и целиот живот ја пратат таа промена.

3. Законот на одговорност

Кога и да се појави нешто лошо во мојот животм тогаш постои нешто лошо во мене самиот. Ние сме одраз на она што е околу нас и она што е околу нас е одраз на нас самите. Тоа е универзалната вистина. Мора да станеме одговорни за својот живот.

4. Законот на фокусот

Не можете да размислувате за две нешта истовремено. Кога нашиот фокус е на духовните вредности, тогаш нема да имаме ниски пориви, како лакомост или бес.

5. Законот сега и овде

Доколку премногу гледаме во минатото, пропуштаме да бидеме сега и овде. Старите мисли, старите шаблони на однесување, стари соништа… Нѐ спречуваат да имаме нови.

10. Закон на промената

Историјата се повторува сѐ додека не ги научиме лекциите кои ни се потребни за да го промениме својот пат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *