Направете ја вашата спална соба да свети за само пет минути!

Направете ја вашата спална соба да свети за само пет минути!
Кој вели дека за добро чистење и уредување на спалната соба се потребни неколку часа?

Поради напорниот начин на живот, често се случува да ја напуштиме спалната соба во целосен хаос! Ненаместен кревет, гардероба на подот, неисчистен под, прашина… ова никако не е место каде што сакате да се одморите, да спиете и да водите љубов.

Подгответе ја стоперката, започнуваме петминутно поправање!
Стоперката е всушност одлична алатка да не ве избрзува туку да ве потсети дека е време да се организирате и да не губите време на непотребни работи и да губите време. Ако музиката ве релаксира, можете да ги слушате вашите омилени песни додека ја чистите куќата.

ПУШТЕТЕ ВОЗДУХ ВО СОБАТА

Прво, отворете ги вратите и прозорците широко за да може свеж воздух да влезе во просторијата. кога просторијата е добро проветрена, половина од работата е веќе завршена! И не треба да заборавиме дека додека чистите, свежиот воздух и кислородот ви даваат енергија да работите побрзо и поефикасно.

НАМЕСТИ ГО КРЕВЕТОТ

Во спалната соба, централниот дел е окупиран од креветот. Повлечете ги убаво чаршафите и затегнете ги, добро протресете ги перниците и ставете ги на нивните места.

Покријте го креветот со украсно прекривка или ќебе и сè изгледа многу поуредно!
ИСПЕРИ ГИ АЛИШТАТА

Знаеме, мзанмо, кога ќе се вратиш од работа уморен и гладен, обично гардеробата што ја носеше ја фрлаш надвор над првото столче. Но, сега поправаме сè. брзо одделете ги чистите од валканите алишта. Ставете ги алиштата за перење во корпата за алишта. Ставете ја чистата облека во плакарот и вратете ги чевлите во ормарот за чевли.

По еден ден работа, обичај е облеката да се фрли на првото столче на дофат. Друг чекор да направите нешто за собата во рекордно време, е да ја одделите чистата облека од валканата. Потоа продолжете на следниов начин:

ЧИСТЕЊЕ

Подгответе ја правосмукалката, исчистете ги сите теписи, партали, под креветот како и сите агли од собата. Ако ги има, исчистете ги пајажините со правосмукалка. Потоа брзо избришете го подот со влажна крпа и чистач за паркет.
АМБИЕНТНИ МИРИСИ

За да вдишете дополнителна свежа енергија и живот во вашата спална соба, ви предлагаме да користите некои од производите за освежување на ткаенината, особено завесите.

Дифузерите се одличен начин да додадете допир на арома во вашиот дом. едноставно истурете неколку капки од омиленото есенцијално масло, а маглата што испарува благотворно ќе влијае на вашите емоции и ќе има релаксирачки ефект. Телото и умот ќе ви бидат опуштени, а собата ќе мириса исто како во парфимерија!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *