Дуњата е овошје од кое може да се направат најразлични рецепти

Дуњата е овошје од кое може да се направат најразлични рецепти
Зрелиот плод на дуњата е тврд и со кисел вкус. Се употребува свеж во исхраната, од него се прави слатко, мармалад, желе… Во народот, сокот од дуња и варената дуња се употребува против: пролив, болести на белите дробови, за зајакнување на слозокожата во устата, желудникот и цревата.
Дуњата може да се чува до пролет, а во некои краеви ја сушат исечена на тенки кришки од кои се вари чај.

Сируп за бронхитис

Издробете 5 гр семки од дуња и прелијте ги со 100 мл вода. Кога ќе се создаде густа маса, додадете 100 гр мед од жалфија.

Дуњата против чирови на организмот за варење

По една лажица ленено и семе од дуња прелијте со 1 шолја ладен чај од камилица, добро промешајте, процедете по 1 час и пијте го незасладен пола час пред јадење, 2-3 пати дневно.

При воспаление на дебелото црево

Помешајте по 20 гр ленено и семе од дуња и плодови од боровинка, прелијте ги со половина литро ладна вода, оставете 3 часа, мешајте што почесто, потоа загрејте во покриен сад додека не почне да врие, оставете да се олади и пијте 3-4 пати дневно по 1 чаша половина час пред јадење.

Мелем за опекотини

Издробете 10 гр семки од дуња, прелијте со 200 мл вода и почекајте да се создаде цврста маса. Нанесете ја на заболениот дел од телото, директно или како облога.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *