НАЈВКУСНАТА ЗИМНИЦА: Домати и пиперки во тегла – рецепт што се користи со децении

НАЈВКУСНАТА ЗИМНИЦА: Домати и пиперки во тегла – рецепт што се користи со децении

Домати и пиперки во тегла по рецепт на старите Македонки е највкусната зимска храна, а воедно и така се подготвува со децении.

Ретко кој може да одолее на нашите македонски специјалитети. Ние сме познати по нашите зачинети јадења и добри зимски јадења.

Нашите жени беснеат по овој македонскиот традиционален рецепт.

Лесно се подготвува, полн е со зеленчук и овој рецепт е уникатен затоа што само кај нас го има…

Еве кои состојки ви се потребни за овој македонски рецепт :

  • домати – 3 кг
  • пиперка – 2 кг, црвена, месести
  • пиперка – 500 гр, лута
  • лук – 2 глави
  • магдонос – 2 китки

За саламура:

  • оцет – 2 чаши
  • масло – 2 чаши
  • шеќер – ½ чаша
  • сол – 2 лажички

Сега следи начинот на подготовка:
Печете ја пиперката , излупете ја и исечкајте ја на парчиња. Доматот сомелете го и варете додека не се згусне. Излупете го лукот и ситно исечкајте го.

Стеблата исчистете ги од лутите пиперки и пресечете ги на половина, па потопете ги во топла саламура додека не омекнат.

Извадете ги лутите пиперки и додајте ги во доматното пире, па додајте ја црвената пиперка, лукот и сечканиот магдонос.

Гответе уште половина час да се згусне на тивок оган. Истурете во тегли и варете ги теглите околу 5 минути, откако водата ќе зоврие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *