СТАР ЧОВЕК ГО ПОКАЖА ПАСОШОТ НА АЕРОДРОМ: Вработените биле ШОКИРАНИ од тоа што го виделе во него, ДАЛИ Е МОЖНО? (ФОТО)

СТАР ЧОВЕК ГО ПОКАЖА ПАСОШОТ НА АЕРОДРОМ: Вработените биле ШОКИРАНИ од тоа што го виделе во него, ДАЛИ Е МОЖНО? (ФОТО)

Во 2019 година, персоналот на аеродромот во Абу Даби останал шокиран кога го виделе пасошот на маж кој пристигнал на терминалот, во кој пишувало дека има дури 123 години.

Свами Сивананда е роден на 8 август 1896 година во Бехала, Индија и отпатувал од Калкута до Лондон, но морал да застане во Абу Даби.

Доколку датумот на неговиот пасош е точен, Сивананда моментално е најстариот човек на планетата, пишува Дејли Мејл.

Старецот ги загубил родителите кога имал шест години, по што неговите роднини го предале на духовен гуру со кој отпатувал во Индија.

Човекот изгледа многу помлад отколку што се претставува, а вели дека тоа е затоа што редовно практикува јога, дисциплиниран е и живее целибат.

Водам едноставен и дисциплиниран живот. Јадам многу едноставно, само зготвена храна без масло или зачини, ориз и чорба со неколку зелени чили – рече тој.

Спие на душек на подот и користи дрвена штица како перница.

Ги избегнувам млекото и овошјето бидејќи мислам дека се луксузна храна. Во моето детство многу време поминував спиејќи со празен стомак – рекол тој.

Инаку, Шивананда веќе четири години се обидува да ја докаже својата возраст за да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *