ВНИМАВАЈТЕ, БРАКОТ НА ОВОЈ ЗНАК Е НА УДАР: Ќе доживее сериозни ПРОБЛЕМИ со партнерот

ВНИМАВАЈТЕ, БРАКОТ НА ОВОЈ ЗНАК Е НА УДАР: Ќе доживее сериозни ПРОБЛЕМИ со партнерот

Кога станува збор за оваа година, таа би можела да биде особено негативна на љубовно поле за Водолија, Девица и Стрелец.

Девиците се многу чувствителни и нивните емоции ќе бидат преоптоварени од март 2023 година, кога Сатурн ќе влезе во знакот Риби и ќе направи спротивставување на нивното брачно поле, пишува Нај Жена.

Најважно е да се погрижат за можните проблеми од минатото, особено кога е во прашање 2021 година кога во нивниот брак се појавиле проблеми поврзани со љубомора и посесивност.

Доколку се доволно трпеливи, Девиците можат да го надминат овој проблем. Но, многу припадници на овој знак ќе бидат многу нервозни и напнати, па може да дојде до прекин во врската, а со тоа и развод.

Што се однесува до Водолијата, во текот на летото Венера ќе биде во знакот на Лав неколку месеци и ќе се спротивстави на нивното поле на брак и брачна комуникација.

Можни се вербални конфликти кои можат да започнат уште порано. Во текот на мај, многу Водолии се чувствуваат под притисок од нивните партнери и може да настанат многу драматични конфликти, па дури и да ја прекинат врската.

Важно е да се води сметка за начинот на комуникација бидејќи се се одразува негативно на нивните семејства.

Стрелците се под многу негативно влијание на Марс кај Близнаците. Тој негативен аспект трае од октомври 2022 година и се чувствува до крајот на пролетта 2023 година.

Во овој период, многу Стрелци чувствуваат потреба да престанат да комуницираат со партнерот бидејќи се чувствуваат запоставено и неприфатено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *