ТУРСКИТЕ ДОМАЌИНКИ СЕ НАТПРЕВАРУВААТ ВО РЕЦЕПТОТ ЗА ОВИЕ КРОФНИ: Имаат сосема НЕОБИЧНО ИМЕ, а вкусот е магичен

ТУРСКИТЕ ДОМАЌИНКИ СЕ НАТПРЕВАРУВААТ ВО РЕЦЕПТОТ ЗА ОВИЕ КРОФНИ: Имаат сосема НЕОБИЧНО ИМЕ, а вкусот е магичен




Крофни кои турските домаќинки со задоволство им ги служат на гостите! Еве како да ги завиткате овие Ханумани пупаци




Овој ориентален деликатес , за кој тврдат дека потекнува од харемот на султанот, е направен посебен по начинот на кој се пржи.




За тестото:
- 100 гр путер (маргарин)
- 2 јајца
- 1 лажица шеќер
- 1,5 чаши вода
- 2 чаши брашно
- 1/2 пакување прашок за пециво
- 1/2 лажичка сол
- 1 лажица густин




За пржење:
- 2 чаши масло




За шербетот:
- 1,5 чаши шеќер
- 2 чаши вода
- сок од половина лимон




Подготовка:
Најпрво се свари шербетот: се мешаат водата и шеќерот и се става да зоврие, кога ќе зоврие нека се вари десетина минути. Кон крајот додадете го лимонот, тргнете ја тавата од оган, поклопете и оставете да се излади.




Во друга тава истурете ја водата за тестото, шеќерот, солта и путерот и загрејте го. Кога целосно ќе се растопи путерот, додадете го брашното просеано со прашокот за пециво и згуснете и варете околу 5 минути со постојано мешање.




Тестото се трга од шпорет да се излади на млако, едно по едно додајте го јајцето и убаво измешајте со миксер.
Земете парчиња од тестото со големина на ореви и формирајте топчиња, а потоа притиснете со прстот за да направите отвор (папок) на средината на секое.




Во длабока тава се става маслото за пржење и се редат колачињата на ладно место. Кога ќе се наполни тавата, вклучете го шпоретот и оставете ги да се пржат додека не добијат златна кора. Извадете ја бонбоната од маслото и веднаш ставете ја во изладениот шербет, а по минута-две извадете ја ставете ја на чинија за сервирање и по желба посипете ја со мелени ф’стаци или лешници.




Ако има повеќе тесто и се пржи на неколку кругови, секој пат изладете го маслото од претходното пржење и ставете ги колачињата на ладни.