ПО 6 ДЕНА БРАК ДОЗНАЛ ДЕКА СОПРУГАТА ГО ИЗНЕРВЕРУВА: Следуваше најбруталната одмазда досега

ПО 6 ДЕНА БРАК ДОЗНАЛ ДЕКА СОПРУГАТА ГО ИЗНЕРВЕРУВА: Следуваше најбруталната одмазда досега

Неодамна често слушаме како луѓето се разведуваат веднаш по свадбената церемонија.

Понекогаш тоа е поради расправии и кавги, а често се случува и поради измама.

Шкотланѓанецот Енди Мичел продава венчални прстени преку Интернет, откако неговата 19-годишна сопруга, со која беше во брак само 16 дена, го остави за друг маж.

Но, освен тоа, решил да ја понижи објавувајќи ги пораките кои таа му ги праќала на љубовникот.Тој и неговата сопруга Меган се венчаа во Мексико.

Меѓутоа, се тргнало наопаку кога само шест дена по венчавката, Енди дознал дека неговата сопруга го изневерува со маж кој наводно го запознала на нејзината моминска вечер.

Откако дознал за аферата на неговата сопруга, Енди на интернет објавил фотографии од прстените, за кои бара околу 800 км . После тоа на интернет ги објави пораките кои Меган ги разменила со тој другиот маж, во кои може да се види како се договориле да се сретнат.

Меган му признала дека го остава за друг маж, но тврди дека со тој маж спиела првпат дури откако се омажила за Енди, пишува Дејли Мејл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *