ОТСТРАНЕТЕ ЈА ДАМКАТА ОД КАФЕ СО ДВА ЧЕКОРИ: Сè што ви треба е ОВА, не може да биде поедноставно

ОТСТРАНЕТЕ ЈА ДАМКАТА ОД КАФЕ СО ДВА ЧЕКОРИ: Сè што ви треба е ОВА, не може да биде поедноставно

Многу пијалоци, вклучувајќи кафе, чај и црвено вино, содржат танини кои се лепат на ткаенината и тапацирот во домот, така што овие дамки може да биде исклучително тешко да се отстранат.

Облеката
Лесно навлажнете ја дамката со сунѓер натопен во ладна вода или натопете ја облеката во ладна вода 30 минути. Претходно третирајте ја дамката со средство за отстранување дамки и измијте со хлор или белило на база на кислород доколку е безбедно за ткаенината. Ако во кафето имало млеко или павлака, задолжително користете детергент со ензими кои ќе ви помогнат да ги разградите дамките, како на пример течен детергент.

Тапацир и тапациран мебел
Измешајте половина лажичка течност за миење садови со две чаши ладна вода. Со чиста, бела крпа натопете ја дамката со гореспоменатата течност. Повторете додека не исчезне дамката и на крајот уште еднаш само со сунѓер натопен во вода, па поминете на истото место и исушете.

Тепих
Користете крпа за да апсорбирате што повеќе кафе од тепихот. Потоа измешајте половина лажичка течност за миење садови, половина лажица бел оцет и 2 чаши топла вода. Со чиста, бела крпа втријте ја смесата во дамката. Нанесете по малку и често впивајте ја течноста со крпа додека дамката не исчезне.

На крај, пристапете со крпа натопена во ладна вода и исушете, вели „Добро домаќинство“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *