ОВАА КОНЗЕРВА РИБА Е НАЈЗДРАВА: Добра е за СРЦЕТО, а треба да ја јадете 3 пати неделно

ОВАА КОНЗЕРВА РИБА Е НАЈЗДРАВА: Добра е за СРЦЕТО, а треба да ја јадете 3 пати неделно




Нутриционистот д-р Џес Кординг вели дека, според мислењето на струката, најздрава конзервирана храна се сардините, но и другите конзервирани риби кои се пристапен извор на протеини, но и одржливи и не бараат долга подготовка или варење.




Како што објаснува, употребата на конзервирана риба во исхраната има бројни здравствени придобивки.




„Конзервираните сардини обично имаат помала содржина на жива од многу други видови риби и се сметаат за еден од најдобрите избори на морска храна, особено ако свежата не е достапна“, вели д-р Кординг.




Кога јадеме сардини, додава д-р Кординг, добиваме многу протеини, витамин Д и антиинфламаторни омега-3 масни киселини, а маслиновото масло обезбедува мононезаситени масти здрави за срцето.




Експертите препорачуваат две до три порции конзервирана риба неделно, измешана со тестенини или сама, а можете да ја додадете и во разни салати.