3 банани и пакетче пудинг – еден-два-три и за 10 минути направете чудотворен десерт!

3 банани и пакетче пудинг – еден-два-три и за 10 минути направете чудотворен десерт!




Торта од банана со бисквити и чоколадо , секој ќе посака уште едно парче, дури и оние кои се на диета. Вкусот е едноставно неодолив, секој залак е задоволство, не можете да се воздржите…




Од нас рецептот, од вас – имплементацијата! Најверојатно производите веќе ги имате дома особено по новогодишните празници. Затоа, засукајте ги ракавите и ајде да започнеме – Бисквитна торта за 10 минути со банани и чоколадо :




Потребни производи:
- 2-3 банани
- 250 гр мелени бисквити (путер или по желба)
- 80 гр стопена чоколада
- 400 мл свежо млеко
- 20 гр чоколаден пудинг во прав
- 2 лажици шеќер
Одозгора тортата се украсува со мелени бисквити, ореви или кокос или по ваш вкус




Начин на подготовка:
Изберете три банани со средна големина или две поголеми. Мора да бидат добро зрели, односно кожата да има што повеќе темни дамки. Овие банани се најмеки и најслатки. Излупете ги, ставете ги во подлабок сад и изгмечете ги со вилушка.




Откако ќе го направите пирето од банана, додадете му 250 гр мелен кекс или други бисквити. Во тенџере растопете 80 гр чоколадо за готвење или темно чоколадо со висока содржина на какао на тивок оган. Оставете малку да се излади, а потоа додадете во смесата додека е уште течна.




Прво промешајте со лажица, а потоа со рака добро замесете ја смесата за да се изедначат состојките. Треба да добиете лабава смеса со конзистентност на влажен песок, но сепак компактна и да не се распаѓа. На крајот, смесата треба лесно да се формира под прстите.




Поделете ја смесата на 8 приближно еднакви делови, формирајќи го секој во топка. Наредете ги топчињата во правоаголна или средна тава за печење. Во зависност од големината на калапот и желбата, можете да направите повеќе или помалку топчиња.




Тавата со топчињата тесто тргнете ја на страна додека го правите чоколадниот пудинг. Во тенџере се ставаат 400 мл млеко, се додаваат 30 г пудинг со вкус на чоколадо (едно пакетче), 2 лажици шеќер (доволно е за оваа количина, но може да се прилагоди количината на шеќер).




Мешајте со жица додека смесата не се изедначи без грутки. Ставете го тенџерето на оган и со постојано мешање сварете го пудингот. Сварете го на умерена температура и внимавајте да не изгори. Мешајте додека не се згусне.




Сварениот пудинг (уште топол) рамномерно прелијте го врз топчињата од банана и бисквит.




Малку протресете го плехот за рамномерно да се распореди пудингот, а потоа врз секое топче прелијте мелени лешници/бисквити/ореви/кокос или што сакате.




За декорација можете да користите и шлаг, чоколадни чипсови, парчиња банана, спирални чоколадни струготини или нешто слично. Оставете го колачот во фрижидер 10 минути да се излади, па послужете го.