БАБА НИ ЈА ОТКРИ ТАЈНАТА КАКО МУСАКАТА ДА БИДЕ СОЧНА: Додадете 2 лажици од оваа СОСТОЈКА и од сега само вака ЌЕ ЈА ПРАВИТЕ (РЕЦЕПТ)

БАБА НИ ЈА ОТКРИ ТАЈНАТА КАКО МУСАКАТА ДА БИДЕ СОЧНА: Додадете 2 лажици од оваа СОСТОЈКА и од сега само вака ЌЕ ЈА ПРАВИТЕ (РЕЦЕПТ)




Направете мусака по стариот рецепт.
Баба ја откри тајната како да го направите месото сочно и што треба да додадете во него.
Рецептот ќе ве воодушеви.




Неопходно е:
- 250 гр мелено месо
- 1 главица кромид
- Четири чешниња лук
- 50 грама сува сечкана сланина
- Масло
- Мелена пиперка, бибер, сув зачин
- 500 гр компири
- 100 грама рендано сирење
- 2 јајца
- 100 мл. млеко
- 2 лажици кисела павлака




Подготовка:
Компирите исечкајте ги на кругови, па додадете малку масло и измешајте. Наредете половина од компирите во намрсен плех.




На масло пропржете сечкан кромид и сланина, кога ќе се испржи додадете ги споменатите зачини.




Одозгора се редат половина од компирите и непрженото мелено месо, па врз него се става пржениот кромид со зачини и се става уште еден ред прстени од компири.




Покријте со фолија и печете во рерна на 220 степени 30 минути.Се вади од рерна, се прелива со изматени јајца во кои сте додале половина од ренданото сирење, млекото и павлаката и се преливаат со компирите.




На крајот додајте го остатокот од ренданото сирење и повторно ставете го во рерна и печете уште 30 минути убаво да порумени.Целата куќа мириса толку убаво.Пробајте и уживајте.