НЕ ФРЛАЈТЕ ГИ ТЕСТЕНИНИТЕ АКО СЕ ОЛАДАТ, НЕ ЈА ЗНАЕТЕ ОВАА ВИСТИНА: Правите голема грешка, а тоа се однесува на вашето ЗДРАВЈЕ

НЕ ФРЛАЈТЕ ГИ ТЕСТЕНИНИТЕ АКО СЕ ОЛАДАТ, НЕ ЈА ЗНАЕТЕ ОВАА ВИСТИНА: Правите голема грешка, а тоа се однесува на вашето ЗДРАВЈЕ

Сепак, дали знаевте дека постои разлика помеѓу обичен и отпорен скроб ? Кога јадете бел леб или тестенини, нормалниот скроб се претвора во шеќер скоро исто толку брзо како кога пиете иста количина шеќер од засладени пијалоци.

Тоа е затоа што нормалниот скроб се состои од гликозни синџири кои брзо се разложуваат на шеќери во телото. Доколку овој шеќер не се изгори, тој се претвора во маснотии, пишува Daily Mail

Друг проблем е што оваа храна може негативно да влијае на нивото на инсулин во крвта.

Од друга страна, отпорниот скроб не се разградува толку брзо во телото. Така, гликозата побавно влегува во крвта и нивото на инсулин не се зголемува, а вие останувате сити подолго. Освен тоа, отпорниот скроб има корисен ефект врз варењето, делува превентивно на срцевите заболувања и го намалува крвниот притисок, вели д-р Дениз Робертсон од Универзитетот во Сари.

Отпорниот скроб природно се наоѓа во бананите, некои мешунки и суровиот овес. Што се однесува до тестенините, нивото на отпорен скроб се зголемува кога тестенините се варат и оладат.

Затоа, не е исклучено да не ги фрлите сварените тестенини, па дури и подготвените компири кога ќе се изладат. Оваа ладна храна содржи поотпорен скроб, така што подолго ќе бидете сити, а шеќерот во крвта ќе го држите под контрола, советуваат експертите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *