„ЗЛАТНО МЛЕКО“-ја враќа цврстината на коските: Подмладете ги рбетот и зглобовите за еден месец! (РЕЦЕПТ)

„ЗЛАТНО МЛЕКО“-ја враќа цврстината на коските: Подмладете ги рбетот и зглобовите за еден месец! (РЕЦЕПТ)

Овој напиток е богат со вредни состојки кои благотворно делуваат на коските.

Природниот пијалок од куркума
„Златно млеко“ помага во обновувањето на „лубрикантот за ‘рбетниот столб“ и ги измива наслагите на сол.

Корисен е за хематопоеза (формирање на крвни зрнца со делење и диференцијација на матични клетки во коскената срцевина), дебелото црево, нервниот систем и коскеното ткиво. „Златното млеко“ е магичен напиток кој помага и за продолжување на младоста, го нормализира целиот дигестивен систем, а благотворно делува и на црниот дроб. Ги отстранува токсините, го подобрува тенот и промовира долговечност.

Многу е ефикасен за артритис и артроза, бидејќи со консумирање на „Златно млеко“ се зголемува подвижноста на зглобовите. Мора да нагласиме дека е многу популарен меѓу лекарите од руската алтернативна медицина.

За почеток, подгответе ја пастата од куркума на овој начин:40 гр куркума во прав,100-150 ml вода.

Истурете куркума во прав во водата, измешајте и оставете да зоврие. Гответе околу 8 минути, додека содржината не се згусне. Мешајте постојано. Ако смесата е премногу густа, додадете малку вода. Смесата треба да наликува на густ јогурт.

За тоа време подгответе го млекото:
250 ml млеко, 2 лажици (40 ml) сурово (нерафинирано) бадемово масло (по избор),
мед по вкус.

Сварете го млекото и додадете му бадемово масло (по желба). Тргнете го од оган и истурете во кригла. Додадете 1 лажичка подготвена паста од куркума. Засладете со мед по ваш вкус. Пастата од куркума можете да ја подготвувате во поголеми количини и подолг период. Во замрзната состојба ги чува своите својства 40 дена. Чувајте ја пастата во фрижидер.

Додадете ја готовата паста во врело млеко, по 1 лажичка, заедно со мед и растително масло (по избор).

„Златното млеко“ се препорачува да се пие на празен стомак, по можност наутро и пред спиење. „Златно млеко“ се пие 40 дена. Време на лекување – двапати годишно, по 40 дена.

Што лекува куркумата?
Современата наука, како и традиционалната медицина, високо го ценат ова лековито растение.

Жолтиот алкалоид куркумин е главната активна состојка на растението. Лековитите својства на куркумата се објаснуваат со тоа што зачинетиот вкус на ова растение ги убива бактериите и паразитите, ги уништува наслагите од слуз, мастите, лепливите токсини, го стимулира протокот на крв и целосниот метаболизам. Горчливиот вкус е најдобриот лек против труење, треска, воспаленија, крв и кожни болести.

Ги отстранува и наслагите и лепливите токсини, чиревите, мастите, потта, гнојот, чешањето, го чисти мајчиното млеко, матката, црниот дроб. Куркумата може да се најде во која било продавница за добро снабдена храна, како самостоен зачин или како дел од зачин за кари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *