1 СОСТОЈКА ВИ Е ПОТРЕБНА: Исчистете ја туш кабината – ИМА ДА СВЕТИ КАКО НОВА

1 СОСТОЈКА ВИ Е ПОТРЕБНА: Исчистете ја туш кабината – ИМА ДА СВЕТИ КАКО НОВА

Веројатно веќе сте уморни од бришење на вратата од тушот секогаш кога се туширате, па отстранувањето на кората од сапуница и бигор што се собира на стаклото може да биде макотрпна работа.

Покрај тоа, овие наслаги можат трајно да го оштетат стаклото, па вратата треба да се исчисти веднаш штом ќе забележите дека почнува да се појавува ’магла’, а тоа можете да го направите многу ефикасно со неколку состојки кои веќе ги имате во домот.

Измешајте дестилиран алкохолен оцет со дестилирана вода во сооднос 3 спрема 1, ставете во сад и печете во микробранова 60 секунди.

Откако течноста ќе се излади, истурете ја во шише со распрскувач. Ако сакате да го избегнете лутиот мирис на оцет, додадете неколку капки есенцијално масло во смесата.

Нанесете слој раствор на стаклото од туш кабината, рамномерно покривајќи ја целата површина. Оставете го да отстои три до пет минути. Избришете го стаклото од врвот до дното со крпа од микрофибер.

После тоа, можете да ги полирате и преостанатите точки со крпа. Оставете ја вратата отворена за да се уверите дека преостанатата влага испарува од површината на стаклото, советува Real Simple.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *