РУЧЕК ЗА САМО 100 ДEНАРИ: Брзо се подготвува, а повкусно немате ПРОБАНО – состојките веќе ги имате (РЕЦЕПТ)

РУЧЕК ЗА САМО 100 ДEНАРИ: Брзо се подготвува, а повкусно немате ПРОБАНО – состојките веќе ги имате (РЕЦЕПТ)

Трите незаменливи намирници кои ги има секое домаќинство се јајцата, компирот и кромидот, а ако мислите дека од нив не можете да направите совршен ручек.

Овој рецепт за традиционална шпанска тортиља е многу лесен и брз за подготовка и што е најважно, максимално го заштедува буџетот на домаќинството, а згора на тоа, веројатно нема да мора ни да пазарувате бидејќи ги имате сите три состојки дома во повеќето случаи.

Ова јадење е совршено и затоа што може да се служи како појадок, ручек или вечера, во зависност од тоа со што го послужувате. Иако, овој шпански специјалитет е одличен сам по себе без никакви адитиви

Потребни состојки:

  • 4 компири
  • една главица кромид
  • 4 јајца
  • масло, сол, бибер

Подготовка:
Излупете ги компирите и исечете ги на мали коцки или тенки кругови. Во тавата истурете масло колку да го покрие дното и загрејте го, а потоа додадете го кромидот и компирот. Варете додека компирот не омекне, а кромидот потемни. Тргнете го од оган и исцедете го маслото, но не фрлајте го.

Изматете ги јајцата во изматени јајца, а потоа додадете ја смесата од компири и кромид и убаво измешајте. Во тавата повторно истурете го маслото во кое сте ги пржеле компирите и загрејте го, а потоа додадете ја смесата со јајца, компири и кромид. Зачинете со сол и бибер по вкус. Нека се пржи на тивок оган, без мешање.

Покријте ја тавата со чинија, па превртете ја за да остане сега формираната тортилја на чинијата, а потоа вратете ја во тавата да се испржи и од другата страна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *