ТУРСКА ГИБАНИЦА ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕТЕ:Ваква досега не сте направиле,еве во што се разликува од нашата

ТУРСКА ГИБАНИЦА ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕТЕ:Ваква досега не сте направиле,еве во што се разликува од нашата

Гибаница е позната пита, сега пробајте го турскиот рецепт – сигурни сме дека ќе ви се допадне.

Гибаница ужума е позната пита со сирење, јајца и масло. Се прави така што корите се гужваат, па се потопуваат во филот и се редат во плех. Можете исто така да ги редите рамно. Никој не може да одолее на Гибаница, особено ако ја послужите со јогурт.

Турската варијанта на гибаница е многу слична на нашата, само што користат 2 вида сирење и секогаш рамномерно ја мачкаат кората. Но и вака приготвен не го губи вкусот, уште повеќе е мек, сочен и полн со фил.

Состојки:

  • кори за пита

За обложување:

  • 1/2 чаша вода
  • 1/2 чаша млеко
  • 2 јајца
  • 1/2 чаша масло

За полнење:

  • Фета сирење
  • чедар сирење
  • магдонос
  • жолчка
  • сусам

Подготовка:
Изматете ја водата, млекото, јајцата и маслото. На плехот ставете една кора, па премачкајте ја со смесата со јајца. Потоа потопете 2 кори во смесата, па ставете над првата кора. Издробете ја фетата, изрендајте го чедарот и исечкајте го магдоносот, па соединете го сето тоа.

Добиениот фил посипете го врз кората. Одозгора ставете уште 2 кори кои претходно сте ги потопиле во смесата со јајцата, па филот. Правете го ова додека не потрошите сè.

Покријте ја питата со последната кора, добро намачкајте ја, па премачкајте со изматена жолчка и посипете со сусам. Се пече на 200°C околу 30 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *