КИНЕЗИТЕ ВЕРУВААТ ДЕКА ОВАЈ СОБИР НА ПАРИ НОСИ БОГАТСТВО: Добро пресметајте, само така ќе ви се залепат парите

КИНЕЗИТЕ ВЕРУВААТ ДЕКА ОВАЈ СОБИР НА ПАРИ НОСИ БОГАТСТВО: Добро пресметајте, само така ќе ви се залепат парите




Имено, доколку сакате повеќе пари , треба да знаете неколку мали трикови кои треба да ги практикувате. Верувањата за среќните броеви во Кина се засноваат на тоа како се изговараат, па затоа бројот осум се смета за најсреќен и е вистински симбол на среќа, богатство и изобилство.




Како што Кинезите ја сакаат оваа бројка, становите на осми кат, па дури и автомобилите чии регистарски таблички почнуваат или го содржат овој број ќе се продаваат по повисока цена. Некои би рекле дека сепак среќата може да се купи.




Осум, во традиционалната тао култура, значи целина, практично целиот универзум, бидејќи „почива“ на осумте правци. Во модерна Кина, зборот за бројот осум се изговара „ба“, што е слично на зборот „фа“ што лабаво се преведува на „богато“ или „брзо богатство“. Значи оваа бројка е практично симбол на пари.




Во согласност со ова размислување, древното верување ја вклучува и идејата дека во паричникот треба да носите метални пари во мали апоени, чиј збир е осум.




Бидејќи и монетите привлекуваат среќа, чувајте посебен дел од вашиот паричник со монети кои се собираат до осум во секое време. Подобро е да бидат монети од еден, два и пет денари, отколку четири пати по два денари, бидејќи бројот четири нема многу среќа.