ДИЈАБЕТИЧАРИ, ОВА Е ДЕСЕРТ ЗА ВАС! Може да се подготви за 10 МИНУТИ , сигурно ги имате сите намирници ВО КУЈНАТА

ДИЈАБЕТИЧАРИ, ОВА Е ДЕСЕРТ ЗА ВАС! Може да се подготви за 10 МИНУТИ , сигурно ги имате сите намирници ВО КУЈНАТА

Јаболкото е одличен избор за здрава ужина, но многу луѓе се жалат дека ги прави уште погладни. За да ја задоволите вашата желба за слатки и да му обезбедите на телото доволно корисни состојки, можете да го користите и накратко обработен.

Јаболкото содржи значителни антиоксиданси, особено витамин Ц, кој го зајакнува имунитетот и му помага на телото кога е под стрес. Растворливите и нерастворливите влакна се вредни за здравјето на дигестивниот систем и помагаат во одржување на здрави нивоа на шеќер во крвта.

Еден вид растворливи влакна – пектин – е особено корисен и не се губи со термичка обработка. Затоа искористете ја сезоната на јаболка и подгответе го овошјето за сите да уживаат во него.

Доволно е секое јаболко да го издлабите и да ставите по една лажица од смесата состојки што ќе ја изберете по ваш вкус. Основата треба да биде јаткасто овошје – ореви, лешници или бадеми. Во мелените ореви додадете малку сечкано суво овошје – урми или суво грозје, како и рендана кора од портокал.

Јаболката се ставаат во мал плех и се печат во рерна осум до десет минути, на температура од околу 200С. Најпрво на дното на тавата истурете половина чаша вода, а на неа можете да додадете и малку сок од лимон.

За сите кои имаат проблеми со шеќерот, се препорачува да ги посипете јаболката со цимет . Доколку ги немате овие проблеми, јаболката можете да ги премачкате со мед или шеќер во прав. Во тој случај, печеното јаболко можете да го послужите со шлаг или сладолед, како и прелиено со чоколадо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *