БРЗО ЈАДЕЊЕ ЗА МАЛКУ ПАРИ: Сочно и вкусно полно со зеленчук, ручек што СИТЕ ЌЕ ГО САКААТ

БРЗО ЈАДЕЊЕ ЗА МАЛКУ ПАРИ: Сочно и вкусно полно со зеленчук, ручек што СИТЕ ЌЕ ГО САКААТ




Сатараш е лесно јадење од зеленчук кое се подготвува многу лесно и брзо. Нема човек кој нема да успее, а ако сакате да го збогатите, можете да му додадете месо или јајца.




Намирниците се евтини, а покрај овие основи, како кромид, пиперка и домати, можете да додадете тиквички, модар патлиџан или кој било друг зеленчук што го сакате. Уживајте во едноставен оброк.




Состојки:
- 2 поголеми виолетови кромидчиња
- 4 жолти пиперки
- 4 зелени пиперки
- 6 домати




Подготовка:
Исечете го дното на доматите во форма на крст, а потоа кратко избланширајте ги во зовриена вода. Излупете ги доматите, а потоа исечете ги пиперките и кромидот.




Може да се користат и поголеми и помали парчиња зеленчук. На врело масло пропржете го кромидот, а кога малку ќе омекне додадете ги пиперките.




Промешајте, па покријте и вриејте 15 минути. потоа додадете ги доматите и промешајте. Покријте и варете уште 30 минути, повремено мешајќи. Кон крајот зачинете по желба.