Направете ПРЖЕНИЦИ БЕЗ КАПКА МАСЛО: Потопете ги во ОВА, ќе бидат СОЧНИ и КРЦКАВИ

Направете ПРЖЕНИЦИ БЕЗ КАПКА МАСЛО: Потопете ги во ОВА, ќе бидат СОЧНИ и КРЦКАВИ

Пржениците на многумина им се омилен појадок, а еве како да ги подготвите во рерна без капка масло.

Пржениците се идеален начин да го искористите стариот леб од претходните денови, но и да подготвите оброк за помалку од 10 минути. Идеални се за појадок, а ќе служат и како вечера или ужина.

Иако се многу вкусни, тие имаат еден недостаток – впиваат многу масло при пржењето. Но, и за ова има решение – подготовка во рерна. Вака подготвени нема да впијат ни капка масло, а вкусот ќе биде одличен како кога се подготвуваат на традиционален начин.

Состојки:

  • 10 парчиња леб
  • 3 јајца
  • 100 мл млеко
  • прстофат сол

Подготовка:
Јајцата се матат со млеко и се посолува. Секое парче леб убаво потопете го во смесата, па ставете ги на плех обложен со хартија за печење.

Ако лебот е потежок и постар, натопените пржени пржења оставете ги да отстојат пет минути во плехот, па ставете ги да се печат. Печете ги во рерна загреана на 180 степени околу 15 минути или додека не добијат златно-жолта боја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *