САКАТЕ ДА ЗАШТЕДЕТЕ ПАРИ НА ГРЕЕЊЕ? Ова се едноставни трикови – сметките можете да ги намалите на ПОЛОВИНА

САКАТЕ ДА ЗАШТЕДЕТЕ ПАРИ НА ГРЕЕЊЕ? Ова се едноставни трикови – сметките можете да ги намалите на ПОЛОВИНА




Греењето е една од важните ставки на сите буџети на домаќинствата, особено кога во текот на зимата речиси 40 проценти од енергијата се троши за греење на домаќинствата.




Без разлика на тоа како се загревате, еден од овие три совети сигурно ќе ви помогне да ги отстраните или додадете факторите кои можат да влијаат на температурата во вашиот дом.




Не го прегревајте домот
Не е доволно само да го вклучите греењето и потоа да го оставите на иста температура цел ден. Ако имате термостат, чувајте го помеѓу 18-20 степени и зголемете го по потреба. Секој повисок степен може да ви ја зголеми сметката за речиси 10 проценти.




Споделете ја топлината на рерната
Дали штотуку испековте нешто во рерната? Оставете го отворено за топлиот воздух да се пресели во останатиот дел од просторијата. Покрај тоа што е потопло, ако сте испечеле убави колачиња, вашиот дом ќе мириса на најубавите мириси!




Завесите не се само за декорација
Убавите завеси можат многу да помогнат во издигнувањето на ентериерот и да се вклопат во палетата на бои на вашиот дом, но тие се исто така корисни за одржување на топлината внатре. Преку ден ги впиваат сончевите зраци, додека ноќе ве штитат од ветрот, па преку ден раширете ги и ставете ги повторно штом зајде сонцето.




Од друга страна, британската компанија „Ово енерџи“ минатата недела на своите корисници им испрати листа со десет „едноставни и исплатливи начини“ како да се загреат оваа зима, што предизвика различни реакции во јавноста.




Покрај гушкањето миленичиња, на корисниците им се советуваше да ги предизвикуваат своите деца на натпревар во хула-хоп, да вежбаат или да ги исчистат своите домови. Сето ова во време кога се очекува раст на цените на енергијата и животните трошоци во Британија.




Според некои предвидувања, сметките за гас и струја за милиони домаќинства би можеле да се зголемат за повеќе од 50 отсто во април.




Дарен Џонс, пратеник и претседател на Комитетот за бизнис, енергија и индустриска стратегија, советот го нарече „навредлив“ и ја повика компанијата да се извини.




„Не сум сигурен кој ја одобри маркетинг кампањата која ги советува луѓето да носат џемпери и да јадат каша ако не можат да си дозволат греење“, напиша Џонс подоцна на Твитер.




Компанијата во меѓувреме се извини за содржината и ја нарече „лоша проценка“.




– Разбираме колку тешка ќе биде ситуацијата за многу наши корисници оваа година. Се обидуваме да најдеме значајни решенија за пристап кон оваа енергетска криза. Ни е непријатно и искрено се извинуваме – изјавија за Фајненшл Тајмс.