ТРАДИЦИОНАЛНА СУВА ПИТА СО ОРЕВИ: Се прави исто како баклавата, но финтата е во сирупот

ТРАДИЦИОНАЛНА СУВА ПИТА СО ОРЕВИ: Се прави исто како баклавата, но финтата е во сирупот




Баклавата и традиционалната сува пита со ореви се прават на ист начин, единствената разлика е во тоа што кога ќе ја премачкате сувата пита со сируп, ја враќате во рерна за кората убаво да ја впие , додека баклавата е натопена во сируп




Ова е стар рецепт кој го подготвиле нашите баби, а е одличен деликатес за празнична трпеза, кога сакате да послужите нешто што сите го сакаат, но ретко кој пробал.




Состојки:
- 500 гр кора за пита
- 400 гр мелени ореви
- 100 гр суво грозје
- 200 гр шеќер




За сирупот:
- 400 гр шеќер
- 250 ml вода
- 2 лимони
- 3 ванилин шеќер




Подготовка:
Сувото грозје потопете го во топла вода и оставете да отстои 10 минути. Во сад измешајте ги мелените ореви и шеќерот, па додајте процедено суво грозје и малку рендана кора од лимон. Намачкајте ја тавата со масло, а потоа наредете три кори и малку подмачкајте ја секоја. Покријте со тенок слој од филот. Редете додека не ги искористите сите состојки, а на крајот завршите со три кори (секогаш секоја прскајте ја со масло).




Исечете ја питата и печете ја во загреана рерна на 200°C околу 30 минути. Во меѓувреме, направете го сирупот со мешање на шеќерот. ванилин шеќер и вода. Додадете го лимонот исечкан на прстени и варете околу 20 минути.




Мешајте повремено. Готовата пита прелијте ја со сируп и вратете ја во загреана рерна да отстои додека не го впие сирупот, околу 10 минути.