ЕВЕ КАКО ПРАВИЛНО СЕ ПРАВИ ТУРСКО КАФЕ: Пробајте го на стариот начин, никогаш не сте пиеле подобро!

ЕВЕ КАКО ПРАВИЛНО СЕ ПРАВИ ТУРСКО КАФЕ: Пробајте го на стариот начин, никогаш не сте пиеле подобро!

Дознајте кои се најчестите грешки кои буквално го убиваат оригиналниот вкус на кафето

Има нешто посебно во турското кафе! Денес, кога се помалку го има во кафулињата и најчесто го пиеме дома, за да не падне во заборав, ве потсетуваме како правилно да ја сварите кралицата на сите кафиња!

Прво и основно, доброто турско кафе бара квалитетен спој , затоа не штедете го – пијте го за задоволство , не од потреба !

Второ, малкумина знаат дека за турско кафе водата не треба да врие на почетокот! Водата се загрева во ѓезвето пред да зоврие, па се вади од шпоретот.

Дел од водата се прелива во шолја, а на остатокот се додава кафе ( по една богата кафена лажичка за секоја шолја или повеќе ако филџаните се поголеми или сакате многу јако кафе ).

Промешајте да нема грутчиња , па повторно ставете го на оган и кога ќе дојде до работ на џезвата, повторно тргнете го од оган и додадете ја водата што ја истуривте на почетокот. Повторно ставете го на загреан шпорет и оставете го да зоврие.

Извадете го од шпоретот, почекајте неколку секунди и додадете една лажичка ладна вода. Тогаш кафето е подготвено за послужување!
Основни грешки при подготовка на кафе:
Премногу мешање го убива вкусот;

Ако се дозволи неколку пати да се издигне до врвот на лонец, се уништува пената и се менува вкусот на кафето;

Мешањето откако кафето ќе биде сварено, зовриено и извадено од шпоретот исто така ќе го промени вкусот на вашиот омилен утрински пијалок;

Ако кафето е засладено, најдобро е да се додаде шеќер додека е ладна водата во ѓезве, пред да се додаде и да се вари кафето.Пробајте и сами ќе видите колку е различен вкусот – подобар!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *