Германецот возел 300 километри на час во погрешна насока, го бркале 41 полициски автомобил, хеликоптер…

Германецот возел 300 километри на час во погрешна насока, го бркале 41 полициски автомобил, хеликоптер…




Очевидци повикале итна помош, а во потера се вклучила и полицијата, иако во неколку наврати го губеле возилото од вид.




Германската полиција во раните утрински часови во саботата беше вклучена во потера по возач на погрешен правец со брзина од 300 километри на час во близина на југозападниот град Штутгарт.




Трката беше филмска, а се започна кога возачот наиде на сообраќаен метеж, а потоа се сврте и забрза назад кон Штутгарт, возејќи во погрешна насока.




Очевидци повикале брза помош, а во потера се вклучила и полицијата, иако во неколку наврати го губеле возилото од вид.




Конечно, полицискиот хеликоптер го пронашол возилото што возачот го оставил на автопатот, го паркирал и со голема брзина се оддалечил.




Возилото е одземено, а истрагата се обидува да утврди кој го управувал. Во ноќната потера учествувале 41 полициско возило од шест полициски станици и еден хеликоптер.