СТАРИНСКИ КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА:Готов за половина час,се топи во уста

СТАРИНСКИ КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА:Готов за половина час,се топи во уста




Колачите со јаболка се меѓу омилените десерти на многумина, а овој рецепт ќе ве собори од нозе
Ќе ве потсети на старите времиња и ќе ве врати во детството. Во Југославија оваа торта можеше да се најде на неделното мени речиси секоја недела. Лесно се прави, а мирисот и вкусот ве соборуваат од нога.




Состојки :
- 2 чаши (2 dcl) брашно
- 2 чаши гриз
- 1 прашок за пециво
- 1 чаша шеќер
- 1 ванилин шеќер
За полнење:
- 1 – 1,5 кг јаболка
- 1 ванилин шеќер
- цимет
- 0,5 чаши шеќер
- 150 гр путер
Подготовка:
Во брашното истурете прашок за пециво, гриз и шеќер, измешајте сè и поделете го на 3 еднакви дела.
Изрендајте јаболка и измешајте ги со шеќерот, ванилиниот шеќер и циметот, па поделете ги на 2 еднакви дела. Јаболката не ги цедете бидејќи нивниот сок ќе го натопи тестото и ќе стане меко при печењето.




Склопување на колачот: Намачкајте го плехот за печење со масло или путер, па наредете ги состојките во него. Прво се става смесата со брашно и се израмнува, па се додава едната половина од филот со јаболка, па врз неа повторно смесата со брашно, па се израмнува и се стиска. Додадете го вториот дел од филот со јаболка, па преку него преостанатиот дел од смесата со брашно. Сè убаво изматете и израмнете го.
Преостанатиот путер изрендајте го преку колачот. Печете го колачот околу 45 минути на 180 степени.