Стар Рецепт за ПРОЈА на “ЧАШИ”.Отсега само ВАКА ЌЕ ЈА ПОДГОТВУВАТЕ, 1 СОСТОЈКА ДАВА МЕКОСТ

Стар Рецепт за ПРОЈА на “ЧАШИ”.Отсега само ВАКА ЌЕ ЈА ПОДГОТВУВАТЕ, 1 СОСТОЈКА ДАВА МЕКОСТ




Проја со сирење што ќе ви дојде вода на уста.
Веднаш ќе го запишете рецептот.Нема ништо подобро за појадок.




Секоја домаќинка има свој рецепт за кој тврди дека е најдобар, а ние ви пренесуваме рецепт за проја „во чаши“ за да можете што полесно и побрзо да го подготвите овој древен специјалитет за појадок или вечера.




Користете чаша од 200 милилитри кога ги мерите состојките.




Состојки:
- 2 јајца
- чаша пченкарно брашно или палента
- чаша бело брашно
- чаша јогурт
- половина чаша масло
- половина чаша вода (обична или кисела)
- кесичка прашок за пециво
- половина лажичка сол
- 300 гр сирење




Подготовка:
Измешајте пченкарно брашно, бело брашно , прашок за пециво и сол, па додајте течни состојки – јајца, јогурт, масло, вода или кисела вода и сè убаво измешајте со блендер или миксер.




Во изматената смеса додадете го искршеното сирење, па повторно сè убаво измешајте и истурете го во намрсен и набрашнет плех или во калапи за презла кои не треба да се подмачкаат.




Печете ја пројата во загреана рерна на 220 степени околу 25 до 30 минути.